Каква кампања не очекува?- Османи и ДУИ ќе ловат руски шпиуни, СДСМ и Пендаровски „вештерки“

Каква кампања не очекува?- Османи и ДУИ ќе ловат руски шпиуни, СДСМ и Пендаровски „вештерки“

ДУИ лови Руси, СДСМ во лов на вештерки. Немаат со што да се фалат, па започнаа кампања, строго темелена на напад и оцрнување на политичките ривали и медиумите. За сите проблеми во државата наместо решение, партијата на Ковачевски тргнува во самоодбрана и реторика дека опозицијата била крива за се.

Речиси истиот начин го користи и Али Ахмети. ДУИ сега прават фронт против некакво руско влијание во Македонија, а сите кои не сакале уставни измени под овие околности и бугарски диктат, ги прогласуваат за руски агенти.

Според политичкиот аналитичар Агим Јонуз, тоа е доказ дека власта нема со што сработено да се пофали, па мора да го напаѓа противникот. 

-Тоа е оној принцип на негативна амбиентална афирмација. Тоа е оној принцип кога двајца одат на интервју за работа, која е формулацијата и кој е моделот, моделот е не земи ме мене зошто јас сум добар, туку е не го зимај него, затоа што он е чурук, а уствари Македонија, целиот систем и целата наша стварност е еден тежок чурук, изјави Јонуз.

Ако денот по утрото се познава, власта целата кампања ќе ја темели на негативна реторика, без да понуди програма како би владеела ако остане на власт. Јонуз е на ставот дека од власта нема да видиме ништо ново наредниов период.

-Овие избори се свадба на пијани сватови додека невестата е трудна со мев до заби. Зошто е тоа така, ние во суштина ништо ново не слушаме по медиумите, ние имаме само преформулација на нешто кое што во секојдневната веќе го слушаме. Оваа кампања уствари само ќе биде крешендо на она што секојдневно го слушаме, а тоа е резил резил резил, изјави Јонуз. 

Според познавачите мит е дека црната кампања дава позитивни резултати. На граѓаните им е потребна понуда за подобар живот, а не да слушаат дека колку противникот бил лош.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста