Како успеа за миг да пламне модуларната, многу прашања и нејаснотии чекаат одговори, телата идентификувани

И по два дена од трагедијата сеуште шок и неверување, како за миг пламна цела модуларна болница и живи изгореа 14 лица.Само 3 минути имале време да излезат преку прозорите тие што успеаја да се спасат.Многу прашања, многу нејаснотии се чека да бидат разјаснети со истрагата.

Одма таа ноќ ние баравме Јавен обвинител, МВР да интервенира, оти некако чудно ни беше како за три минути се беше во пламен,целиот објект, само железото остана..и суво дрво да е нема да гори за толку кратко време.Како е можно тоа, ќе кажат органите кои што се компететнтни – изјави Нуредини од Ковид центарот во Тетово.

12-мина пациенти кои се спасија, се во добра состојба згрижени на интерното одделение.Немало никакви проблеми и компликации при нивното евакуирање,вели Нуредини.

За среќа,тие пациенти што биле префрлени во друго одделение,се  било за кратко време, и сите биле во подобра состојба,па не сме имале проблеми, при тој вакум во преместување на пациентите на друго одделние – изјави Д-р Гзим Нуредини- Ковид центар Тетово.                            

Тетовци не паметат ваква трагедија и жалат за изгубените животи.Бараат одговорност и сериозна истрага,но се сомневаат дека и овој случај ќе се заташка, како и многу други.

Инаку, 14-те лица кои загинаа во пожарот се идентификувани и веќе се предаваат на семејствата за погребување.12 биле пациенти,останатите придружба.Обдукција се вршела и врз 20 годишна девојка со церебрална парализа,која дополнително била донесена на судска.Во моментот на пожарот таа била реанимирана, но откако избувнал пожарот, веднаш била изнесена надвор, без повреди и изгореници, но веќе почината како последица на компликации од ковид.Но, Обвинителството одлучило да ја додаде во истрагата.

Во пожарот загинаа татко и син-двајцата пациенти и мајка со нејзината ќерка која и била на посета.Животот го загуби и еден здравствен работник на само 31 годишна возраст.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста