Како се трошеле народните пари во Агенцијата за филм?

Како се трошеле народните пари во Агенцијата за филм?

Како се трошеле народните пари во Агенцијата за филм? Филмските работници алармираат за проблемите, но и почнаа меѓу себе да се обвинуваат за наводна вмешност во сомнителни активности. Критичарката Ана Василевска на тапет го става режисерот Милчо Манчевски, кој пак, изминатиот период гласно зборуваше за сите случувања во Агенцијата.

Агенцијата за Филм дала народни пари за проект на Милчо Манчевски, спротивно на пресуда од Вишиот управен суд. Истражувањето на филмскиот критичар Ана Василевска, покажува дека директорот на агенцијата, Владимир Ангелов, направил преседан. Противзаконско самоволие, особено имајќи предвид дека продукциската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, не доставила финански извешај за потрошени околу 950.000 илјади евра.

  • Се однесува на преседан, на одлука на агенцијата за филм, поточно, на актуелниот директор на агенцијата за филм, кој потпишал решение, кое се однесува на ослободување на средствата за финансирање на проектите на Милчо Манчевски, поточно за проектот „Биста“. Иако одлуката на управниот одбор на Агенцијата за филм, е спротивно од тоа. Дополнително, донесена е и одлука, од Вишиот управен суд, дека проектите треба да бидат стопирани, до конечната разврска на истрагата, која се води од финансиската полиција и основното јавно обвинителство.“ – Вели филмската критичарка, Ана Василевска.

Директорот на агенција за филм пак, Владимир Ангелов, се правда дека со одлуката, го откочил финансирањето на работата на Манчевски, бидејќи станувало збор за незаконска конструкција против него и на овој начин ја спасил Македонија од меѓународен резил.

  • „Се надевам дека оваа моја одлука, т.е. откочувањето на процесот ќе придонесе извештајот на Европската комисија за (напредокот т.е. во случајов уназадувањето на) Република Северна Македонија, во кој беше планирано да биде вклучен и случајот со незаконското спречување на работата на режисерот Манчевски ќе биде малку ублажен со констатација дека проблемот започнал да се решава“ – Одговори директорот на Агенција за филм, Владимир Ангелов за Нова ТВ.

Филмската критичарка Василевска, вели дека кога има селективна правда, тоа секогаш има силно негативно влијание. Особено кога тоа е врз малата македонска филмска индустрија.

  • „Тој постапил на овој начин, затоа што сака да ја спаси државата од некакви резили. Јас сметам дека поголем резил, од тоа за една држава, да се постапува противправно, да се донесуваат селективно правни одлуки, сметам дека нема“ – Додаде Василевска.

А скандалот за финансирањето на продукцијата на Милчо Манчевски е актуелен уште од лани, кога Агенцијата за филм реши да го запре финансирањето на „Банана Филм“. Следуваше и кривична пријава, а потоа и истражна постпака која се уште нема епилог.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )