Како се лекуваат заболените од Ковид-19? Има или нема протокли?

Над 170 лица починале од Ковид-19 во последната недела во Македонија. Се повеќе млади лица на возраст од 20 до 30 години ја губат битката со SarsCov2, а меѓу починатите е и една 15 годишна девојка. Инфектологот Вело Марковски, вели дека загрижува високата смртнос во Македонија. Според него погрешните протоколи за лекување, во комбинација со затвореноста на надлежните да не примаат помош од други експерти, лошите услови во ковид центрите, како и нефункционалност на болниците за лекување на други болести си го направиле своето.

Ние имаме , три или четири пати повеќе умрени. Нас ни е проблем смртноста. Во таа анализа што излезе во последните две недели на 100илјади ние бевме убедливо со 16 на 100 илјади, и Црна Гора беше со просек од 2 и 1 и.т.н. Кај нас не е проблемот бројот на новозаразени. Проблемот е во лекувањето. Јас сум убеден дека се продолжи, не се направија доктрини, не се направија водичи, се продолжи со истите екипи рече инфектологот Вело Марковски во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.

Министерот Венко Филипче, и покрај тоа што во болниците низ државата ковид пациентите ги лекуваат по сопствени протоколи, уверува дека има само еден  протокол кој  последно промени претрпел во март. И вината за смртноста повторно  ја лоцира кај граѓаните – односно во доцното доаѓање на лекар.

Ние секојдневно имаме состанок со сите раководители каде се лечат најтешките пациенти, на Инфективната клиника… За жал се невакцинирани, за жал генерално, многу касно доаѓаат и тоа го константиравме неколку пати досега. Добро е што има стагнација за среќа, не се полнзт болниците како што беше досега. Околу 9% од смртните случаи се вакцинирани, но тоа се пациенти кои имаа тешка состојба и со сериозни коморбитети- вели Филипче.

Според Светската здравствена организација, Македонија е на врвот помеѓу земјите со висока смртност од ковид-19, заедно со Бугарија, Унгарија, Чешка и Босна и Херцеговина.  Минатата недела  е забечежано   зголемување на бројот на починатите во регионот за 11 отсто , а според прогнозите уште  236.000 починати ќе има во Европа до 1 декември.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста