Како птица во кафез – вака изгледа животот во карантин на стјуардот Зафировски од Штип

Како птица затворена во кафез, така се чувствува штипјанецот Никола Зафировски, кој шест години е стјуард во една од најголемите авиокомпании Qatar Airways. Со околу 6.000 часови поминати во небото, корона вирусот успеа да го приземји. Поради специфичноста на работата ,оваа професија се вбројува во ризичната група . При влез и излез од авионот задолжително се мери телесна температура, а дел од стјуардите можат да завршат во карантин, доколку во нивниот лет се регистрира сомнителен случај.

“Сега повеќто од нас се на одмор, но кога ги работевме последните летови бевме заштитени. Во однос на заштитна опрема носевме маски, ракавици и очила. Ги носевме патниците кои беа заглавени во Азија,Европа или обратно” – изјави Зафировски.

Поради пандемијата и животот во Доха, каде што живее Зафировски, добил поразличен тек. Сепак мерките не се толку рестриктивни како во Македонија. И во Катар маските и ракавиците се задолжителни, но населението ги добива бесплатно. Нема полициски час, пред маркетите се мери телесна температура и овде луѓето не трупаат залихи, низ смеа раскажува нашиот соговорник.

“Нема собирања,нема групирања.Луѓето може да возат велосипед,да џогираат но да не садат на исто место и да не се групираат во поголема група. Тоа го контролира полицијата. А џамиите беа затворени од пред неколку месеци”- рече Зафировски.

Најголемо искуство му е летот со двокатниот и најголем авион Аirbus A380, кој бил долг 18,30.

Во изминатите шест години има посетено повеќе од 90 држави.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста