Како онлајн настава без книги и платформа ?

Одлука за онлајн настава има – ама онлајн учебниците ги нема. Повеќе од две третини од електронските учебници не се достапни на платформата “е-учебници”. За основно средно и средно – стручно образование има вкупно 961 учебник од нив достапни се само 285. Од МОН велат дека платформа за онлајн настава сеуште нема, се чекале одлуките од новата министерка а во моментов на маса биле повеќе опции и стратегии.

“Во предвидените модели работната група сугерира неколку платформи за учење, кои можат да ги бираат училиштата. Одлуката за избор на една платформа која ќе биде унифицирана на ниво на училиште ќе ја носи наставничкиот совет.” – вели заменикот министер за образование Елизабета Наумовска.

Дека ќе има големи потешкотии со онлајн наставата како за учениците така и за професорите – признава и професорката Елизабета Секирарска.

“Сведочиме на проблематична состојба – каде што голем дел од наставниците имаат во техничка смисла проблеми. Учениците коишто, посебно ако се работи за две или три деца на училишна возраст во исто семејство тогаш изведбата за онлајн наставата е проблем.Значи подготвеноста е драматичен проблем и не сум сигурна дека има соодветно решение во моментов.” – вели Елизабета Секирарска – професор во СОУ “Перо Наков” – Куманово.


Во меѓувреме, средношколците не отстапуваат од своите барања на есен да учат по комбиниран модел. Најавија и протести. Денеска четириесетина претставници од 17 градови, преку онлајн состанок ќе одлучуваат дали средношколците од септември ќе излезат на протести и ќе ја бојкотираат наставата.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста