Како ќе се попишуваат позитивните на ковид и сомнителните? – Постои ризик вирусот дома да ви влезе непоканет

Доколку лицето е само, нема домаќинство, нема семејство, тогаш нашите попишувачи цо целосна заштитна опрема ќе влезат во домакинството и ќе го попишат лицето – рече Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

И лицата позитивни на Ковид 19 кои се во домшна изолација ќе бидат посетени од теренските попишувачи, соопштија од Државниот завод за статистика. Практично, попишувачот кој посетил ПОЗИТИВЕН пацинет да го попише во неговиот дом, може да дојде потоа во вашето живеалиште. Од Статистика се правдаат ова ќе било само ако нема друг начин лицето да се попише.

Доколку се најде некој прозорец каде што може да се попише лицето додека траат пописните активности, тоа ќе ги направиме, во спортивно доколку целиот период на спорведување на пописот лицето е во изолација, ќе се обидеме да стапиме во контакт со него и неговото домакинство и да видиме кои членови од неговото домакинство или семејство можат да дадат податоци за тоа лице-рече Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Од статистика велат од лседната недела на дневна основа ќе добивале податоци за изолирани и нови случаи на ковид.

Но која е гаранцијата, освен заштитната опрема, дека попишувачите влегувајќи во домовите на позитивните од ковид 19, нема да го пренесат вирусот во другите домови каде лицата не се заразени од корона? Особено ако се земе предвид фактот дека попишувачите ниту ќе се тестираат, ниту вакцинираат.

А според досегашните информации има проблем и со недостиг на попишувачи. Но попис властите велат ќе има, макар и да нема попишувачи колку што е предвидено.Во законот нема одредба што ако нема доволен број на попишувачи, од ДЗС се уверени дека сепак ќе исполнела бројката,иако засега недостига една третина од потребните 5500.

Не ни помисливме дека такво нешто може да се случи и нема таква предвидена одредба во законот, меѓутоа планот за бројот на попишувачи што е направен, овозможува да се тргне на терен и со извесен помал број на попишувачи-рече Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика.

Денеска е објавен нов конкурс за попишувачи, трет по ред, кој трае до утре. Според директорот на ДЗС, Симовски недостигот на попишувачи е најверојатно заради страв од корона вирусот.

Од опозицијата пак апелираат пописот да се одложи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мисајловски вели вакцини нема, а власта турка попис.

Нема вакцини, граѓаните се премногу загрижени поради секојдневните бројки, масовно власта почнува да спроведува попис, а ние постојано велиме дека не е време за тоа, бидејќи здравјето е пред се вели Владо Мисајловски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ

Од Владата засега не разлислуваат за одложување на пописот, велат процедурата била комисијата за заразни болести да донесе таква препорака, а потоа таа да биде разгледувана на седница на Владата.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста