Течат последните подготовки за гласање со отпечаток од прст – ДИК ги испроба апаратите

Со маска на лицето и документи за лична идентификација ќе може да влезете на гласачкото место. Откако на членовите на избирачкиот одбор ќе им приложите лична карта или пасошот,  ќе треба да ја симнете маската зада можат да ве идентификуваат и потоа веднаш повторно д аги прекриете устата и носот. Потоа ќе треба да се идентификувате и на новите уреди со отпечаток од прст. Доколку се појави проблем, тпгаш на апаратот се скенира вашата лична карта или пасош. Ако пак и ова е неуспешно, тогаш рачно се внесува матичниот број на гласачот на фингер принтот.

ДИК имаат решение доколку и не успее ниту еден од начините за идентификација со новите уреди за гласење.

 -Ќе биде офлајн, а не онлајн. Апаратот работи на струја, внатре има вградено литиумски батерии кои траат по 12 часа, но може да се полнат. Ако снема струја, продолжува гласањето со батерии, кога ќе дојде повторно се вклучува во струја. Нема никаков проблем ни со интернет бидејќи уредите се офлајн, не се поврзани со интернет и ќе се одвива гласањето вели Даштевски.

Утре ќе пристигнат и последните уреди со кои ќе се комплетира бројката од 4 илјади. Во Македонија има околу 3500 избирачки места, а  околу 500 фингер принтови ќе резерва доколку во случај некој од апаратите престане да работи или се расипе на денот на изборите.

Викторија Миткова