Како ќе се елиминираат лажните вести што ги шири власта?

Акциониот план 21 во кој е содржана стратегијата за борба против лажните вести го промовираше премиерот Заев, а пред само 5 дена на прес конференција, портпаролката на социјал-демократите, Кузевска кажа дека СДСМ била одговорна партија и тие ќе се бореле за спречување на лажни вести. Оваа изјава на Кузевска, дел од новинарите ја толкуваат како обид за изедначување на партијата со државата.

Засилена борба против лажни вести навистина е потребна, но се наметнува прашањето дали за ширење на лажни вести под лупа ќе бидат само медиумите или пак и владините функционери.

Во 2018тата година на фејсбук профилот на премиерот Заев беше објавена фотографија на која во авион седат Заев, Османи, Димитров и Анѓушев а во описот на објавата пишува :

Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, на денешната седница донесе одлука од јуни 2019 г. да започнат преговорите за членство на Република Македонија во ЕУ. Сега граѓаните на Република Македонија можат да кажат силно и слободно – Да, за Европска Македонија!“, напиша македонскиот премиер Зоран Заев на својот фејсбук-профил.

2ипол години подоцна, Македонија уште нема добиено датум за почеток на преговорите.

Претходно, исто така на профилот на Заев, имаше објава дека македонскиот премиер се сретнал со американскиот претседател Трамп и изразил поддршка и посакал успех за реформите на ОН. Неколку дена подоцна се појави целосното видео каде се гледа дека Заев само се ракува со Трамп.

Не толку одамна министерката за одбрана Шекеринска објави дека на авион на ескадрилата на САД, било аплицирано македонско знаме, за подоцна медиумите да објават дека тоа не било нашето знаме туку амблемот на ескадрилата на кој е прикажан јавач на коњ на изгрејсонце.

За владиниот план против дезинформации од владејчката партија  кажаа дека ќе биле консултирани медиумските работници и граѓанскиот сектор, но сепак не се знае како и дали ќе одговараат оние кои шират лажни вести, а не се медиуми.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста