Како да се преживее месецот, синдикалната кошничка порасна на 60,325 денари

Како да се преживее месецот, синдикалната кошничка порасна на 60,325 денари

Како да се преживее месецот е нешто што ги остава без сон граѓаните на Македонија откако минималната синдикална кошнича за месец јуни порасна за уште 235 денари во однос на минатиот месец.

Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, на граѓаните од први до први им се потребни најмалку 60,325 денари, што е поевеќе во однос на мај, кога беа потребни 60,090 денари.

Тоа значи дека на едно просечно македонско семејство му се потребни безмалку 1000 евра за да го истера месецот. И тоа само доколклу има сопствен стан.

Само за храна и пијалоци се одвојува една минимална палта 21,952 денари, или 36,4 отсто од вкупниот износ на минималната кошничка.

За облека и обувки македонските семејства трошат 4962 денари, а за станарина, вода, електрична енергија и греење им одат околу 100 евра, односно 6014 денари. За лична хигиена и одржување на хигиената во домовите, македонските семејства трошат 1827 денари, а за здравје 1069. 4871 денари им остануваат за транспорт. 

За комуникација во јуни годинава на едно семејство му биле потребни 3420 денари од вкупниот износ на минималната кошничка, а за рекреација и култура 4378 денари. За образвоание потрошиле 7022 денари, а за одење во ресторани и хотели 3890 денари. Ако имаат среќа да не им излезе некој непредвиден трошок, на граѓаните во најдобар случај би им останале само 1100 денари, кои ги трошат за останати стоки и услуги. Ако семејството живее во стан под кирија, потребни им се дополнителни 15,357 денари.

Инаку во однос на јануари годинава, кога минималната синдикална кошничка изнесуваше 57,163 денари, овој месец таа е зголемена за 3162 денари, односно за 5,5 %. Прашање е, колку од граѓаните овој месец ќе добијат повисока плата од педесетина евра, за да можат да ги поднесат зголемените трошоци.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )