Како да продуцираме независни и непристрасни правосудни кадри?

Повеќе практика за студенти по право со цел  во иднина да бидат судии и обвинители кои ќе бидат повеќе објективни и праведни од сега.  Ова е целта во инвестицијата наречена правна клиника на Универзитетот во Тетово со помош на американската амбасада, чија амбасадорка пред една недела потенцираше дека само осум проценти од граѓаните имаа доверба во судството и потребно е да се врти вербата во овој систем.

Правната клиника е всушност важен дел од целата наша работа за поддршка на правосудниот сектор во Северна Македонија бидејќи тoa е инвестиција во луѓето кои ќе направат најголема разлика, а тоа се младите лидери, млади идни обвинител, судии, адвокат, борци за човекови права, тие се иднината и тие заслужуваат професионално место каде што ќе можат да го вградат своето образование, теоретска обука со практично искуство што ќе ги доближат до луѓето на кои ќе им служат рече Кејт Мари Брнс.

Од факултетот велат дека ќе внимаваат кој ќе им дава практична настава на студентите поради ниската доверба во судството.

Сепак имаме чесни судии, чесни јавни обвинители и многу вредни адвокати, и ние преку овој процес ќе ги селектираме тие што се од таа природа вели Ќебир Авзиу, декан на Правен факултет.

Оваа правна клиника е една од трите кои со помош на американската амбасада се отвораат на македонските универзитети. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста