Како да нема мерки и препораки: Дел од граѓаните ги заборавија маските на протестот на Алијанса и Алтернатива

Наместо почитување на препораките, блиски контакти без маски на лицето, ваква беше сликата на протестот на Алијансата за Албанците и Алтернатива во Скопје. Организаторите на протестниот марш најавија дека ќе се почитуваат сите мерки за заштита од Ковид 19, но за жал сликата беше сосем различна. Алфа реши да ги праша граѓаните зошто не го заштитуваат своето и здравјето на другите со маска на лицето, и добивме различни одговори. За дел ОД НИВ опасниот вирус всушност не бил опасен.
-(ПРАШАЊЕ: Не ви е страв од вирусот?) Не бе, каков страв од вирусот. Ова е нормален вирус, немој да се лаже народ (ПРАШАЊЕ: Зошто имате тогаш маска под устата?) Еве маска имам. (ПРАШАЊЕ: Не ви е страв за вашето здравје и дека може да заразите некого?) Јас направив тест, негативен излегов и нема вирусот, вели еден од граѓаните.
Дел од граѓаните решија да стават маска на лицето откако ја видоа камерата.
-Имаме маска… како не ја носиме…, порача еден од граѓаните ставајќи маска.
На дел пак не им се допаднаа прашањето зошто се без маска на лицето. Па екипата на Алфа беше оквалификувана како провокатор меѓу дел од граѓаните кои протестираа.
-Во џеб ми е. Зошто ова го правите (Јавно здравје е во прашање) Кое јавно здравје, за мене ли е, вели деден од грѓаните.
-Ние сме упропастени 20 години, што маска и 100 маски да носиме џабе нема живот, нема ништо. Маска, ајде, порача еден од граѓаните.
Маската на лицето имаа сите во првиот ред од протестот, односно партиските функционери на Алијанса и Алтернива, но некои и не ја носеа баш најправилно.
Иако беше најавено дека овој протест на Алијансата на Албанците и Алтернатива ќе се одржи по сите препораки за заштита од Ковид 19, можевме да забележиме дека многу од граѓаните немаа ниту маски на лицето, а дел од оние кои имаа ги носеа под носот, односно контра препораките за заштита од корона вирусот.
За лидерот на Алијанса, Зијадин Села, мерките за заштита на здравјето сепак се почитувале.
-Почитувањето на мерките покажува колку е важно здравјето, но со масовноста која вечерва ја покажавме, тоа значи дека уште поважна е волјата на граѓаните, изјави Села.
Протестот кој се одржа во центарот на Скопје, пред ЕУ инфо центарот, помина без ниту едно македонско знаме, оние кои протестираа во рацете имаа само албански и американски знамиња. Во своите обраќања до граѓаните Села и Африм Гаши порачаа дека лажирана волјата на Албанците во Македонија и дека ДУИ не е нивен легитимен претставник.
Матеја Петровски