Како да најдете мајстор од дома?

Како да најдете мајстор од дома?

Дали некогаш сте посакале за некоја работа околу реновирање, градба или некои мали поправки, да најдете добри мајстори лесно и брзо? Без да се нервирате или да чекате предолго на зафатените мајстори?

Daibau е онлајн платформа која ги собира сите изведувачи и даватели на услуги од целата држава на едно место. Сите занаетчии се внимателно проверени – тие имаат свои профили со референци и коментари од корисниците – така што Daibau ви овозможува да стигнете до најдоброто без многу проблеми. Услугата е потполно бесплатна за корисниците, без провизија или слични скриени трошоци. Давателите на услуги се тие кои даваат поддршка на системот со годишна претплата, што е инвестиција која се исплаќа уште со првата завршена работа.

Како до сигурен и проверен мајстор?  

Дали ви треба реновирање на стан, поставување на подни облоги, уредување на ентериер или сервис за одржување? На Daibau.mk ќе најдете над 200 категории на работи  и услуги кои се нудат. Во нашето списание може да најдете советите и стручните написи подготвени за вас – можете да научите многу. Во калкулаторот ќе најдете просечни цени и локални занаетчии. Кога сакате конкретни понуди, испратете барање.Едноставно кликнете на копчето „започни го проектот“ и пополнете краток прашалник. Прашалникот се однесува на видот на работата или услугата што ви треба и време на реализација, а можете да прикачите скици или слики од она што го сакате. Додадете повеќе ваши информации за контакт и испратете ги. Заинтересираните занаетчии или компании ќе ве контактираат со понуди. Колку подетално опишете што ви треба, толку попрецизна ќе биде понудата. Имајте на ум дека итната работа е секогаш поскапа, а најдобрите занаетчии се доста зафатени. Можете да ги споредите понудите што ги добивате и на тој начин да го изберете мајсторот кој најмногу ви одговара.

На Daibau можете да ги видите профилите на секој од изведувачите или давателите на услуги и да ги споредите нивните референци, оценките и мислењата на клиентите. Кога самите ќе станете нарачател, можете да го додадете вашиот коментар, откако ќе се заврши работата. На овој начин ќе им помогнете на другите корисници кои ќе ја бараат истата услуга. Daibau многу сериозно ги сфаќа сите поплаки на потенцијалните клиенти и детално ги проверува, бидејќи оние што ги прекршуваат договорените стандарди секогаш се бришат од директориумот.

 Како да добиете повеќе работа како занаетчија?

 Како самостоен занаетчија или градежна компанија, преку платформата Daibau ќе имате пристап до стотици потенцијални клиенти кои секојдневно бараат изведувачи. Испробајте ја нашата платформа бесплатно. Пријавете се, креирајте интересен и привлечен профил, со опис и слики од вашите најдобри дела – веднаш ќе почнете да добивате барања преку е-пошта и СМС. Доколку сте заинтересирани за проектот, системот ќе ви испрати податоците на клиентот. Можете да контактирате и да разменувате информации со клиентот преку платформата. Сепак, сите формални договори ги склучувате директно со клиентот, така што Daibau нема увид, ниту е посредник во финансиските и правните договори.

Daibau ја проверува сериозноста на секој клиент. Особено ако прашањата не се јасно формулирани или треба да се дополнат. Како изведувач или давател на услуги, до вас доаѓаат само сериозни барања. Прашањата може да се филтрираат според други критериуми, како што се одредени активности или вредноста на проектот. Бесплатната пробна верзија на системот е ограничена на одреден број и вредност на проекти, а со помала годишна претплата можете да пристапите до поголем број на проекти. Доколку сакате, можете и да се огласите на порталот.

Што значи ова за иднината на градежниот пазар? 

Може да се каже дека Daibau.mk се обидува да го редефинира значењето и важноста на градежниот бизнис. Дигитализацијата на пазарот на занаетчии значи побрзи, поедноставни и подобри услуги. Уникатниот директориум на изведувачи и даватели на услуги, кој ги вклучува нивните оценки, референци и мислења на корисниците, му овозможува на секој занаетчија, без разлика дали е мал или голем претприемач, да биде конкурентен со својот квалитет. На овој начин ги заштитуваме и клиентите, бидејќи платформата се грижи за точноста на податоците за претприемачите и нивните претходни работи – и сите на исто место. 

Коментари од нашите клиенти

Г-дин и г-ѓа Василеви: „Драги пријатели, би сакале уште еднаш да ви се заблагодариме за вашата несебична помош околу наоѓање мајстор за изработка на порамнителен слој. Вашите вработени не контактираа неколку пати, ни дадоа броевите на неколку различни изведувачи и бевме многу изненадени од стручноста на вашата платформа, достапните информации и сите вработени со кои бевме во контакт. Ние дефинитивно ќе го препорачаме вашиот портал на сите. Уште еднаш ви благодарам од се срце“.

Своето искуство го сподели и г-ѓа Ана  која беше повеќе од задоволна од избраната компанија за делумно реновирање на нејзиниот дом: „ Даибау се ефикасни над сите очекувања! Подолго време не можев да најдам изведувач којшто би се зафатил со делумно реновирање на куќа во Скопје, кога се обратив до Daibau.mk. Во рок од само еден час, ми се јави љубезната Кристина за консултации, и веднаш потоа идентификува одличен изведувач. Така, наместо многу време потрошено на бесплодна комуникација со поединечни фирми, со помош на Даибау куќата беше успешно реновирана. И во иднина ќе ја користам платформата за други услуги. Безрезервна препорака! “

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста