Каиро: Буквално на Наполи за услугите на Верди им подарив 22 милиони евра

Претседателот на Урбаино Каиро е разочаран од игрите на најскапото засилување кое го доведоја во летниот преоден рок, а станува збор за Симоне Верди. Италјанецот во Торино се врати за 22 милиони евра.
„На Наполи им поклонив 22 милиони евра. Таков поклон не сум му дал ни на мојата сопруга. Завршивме минатата сезона на седмата позиција и веднаш барав квалитетен фудбалер од нападот. Се распрашував за цената на Верди кај Бранчинија и Де Лаурентис, но погрешив“-изјави Каиро.
Верди оваа сезона за Торино одигра само 254 минути и забележа една асистенција.