Од утре на сила рестриктивни мерки, вечерва протести

Ова се инсерти од Париз… Празни ресторани, кафулиња без работа, луѓето наместо внатре, седат пред локалите . Француската полиција проверува дали гостите во рестораните имаат ковид пасош. Невакцинираните пак наместо на маса појадуваат во паркови по клупи на улици. Судејќи според фотографиите и видеата од социјалните мрежи, многу кафулиња беа целосно празни бидејќи нивните редовни клиенти одлучија да седнат надвор.

Дали ваквата реалност ќе се преслика и кај нас?! Од утре на кафе или на ручек ќе можат да седнат само вакнирани или тазе прележани од ковид. Граѓаните велат дека народот не смее да се дели на вакцинирани и невакцинирани, зашто тоа е лична желба на секој еден.

  • Секој си има право на избор. Мислам дека овој начин на поделба меѓу народот нее добар. Вакцинацијата е право на избор, а не моралност. Ова е лудо, но ќе помине и се ќе биде добро, но веќе луѓето се полудени, немам зборови, велат дел од анкетираните пред камерата на Алфа.

Освен во Франција, ваквата пракса веќе извесен период се применува и во другите земји. Во Црна Гора никаде не смее да се влезе без потврда за вакцина, или прележан ковид.

И додека добар дел од народот е против новите ковид мерки, вечерва од 19 часот се одржува протест пред македонското Собрание во знак на револт.

Протестот е народен, непартиски, без разлика на вера и политика, бидејќи се работи за заштита на најосновните човекови права кај нас и насекаде во светот.

Вакви протести се одржаа во повеќе европски градови. Веќе петта недела, стотици граѓани ги преплавија улиците во Париз против воведувањето на ковид пасоши во Франција. Граѓаните со транспаренти бараат права, слободи, против наметнатата „диктатура“ и одбиваат да бидат „робови и експериментални глувци“.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста