Кадиевска-Војновиќ: 60% од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како 60% од БДП јавен долг со некредибилни политики

Во Утрински брифинг денеска гостуваше поранешната вицегувернерка на НБРМ, Маја Кадиевска-Воиновиќ, која што говореше за глобалните финансиски текови, растот на задолженоста, и за врската меѓу кредибилните политики и економските текови во земјава. Во однос на тоа посочи дека реакцијата на власта во економска криза е најважна, како и кредибилните политики кои треба да се во насока да создаадат позитивни ефекти во економијата, но и ги критикуваше одливите од буџетот по однос на нетродуктивни трошења.
-Во првата година од осамостојувањето имаме 11% пад на БДП, во втората година имаме 13.7% пад на БДП, во ситуација кога сме имале нула девизни резерви, она што е важно е како се справуваат креаторите на економските политики со шоковите. Истото важеше и за 2001 година за време на интерниот воен конфликт, за 2009 година во време на глобалната финансиска криза и за должничката криза во Евро Зоната во 2012 година која имаше негативни ефекти врз банкарскиот сектор. Значи битна е релацијата шок- реакцијата на власта – ефекти, ефектите кои ќе произлезат од тие политики се најважни – анализираше Кадиевска-Војновиќ.
Поранешната вицегувернерка вели дека 60% од БДП јавен долг со кредибилни политики, не е исто како 60% од БДП јавен долг со некредибилни политики.
Таа објасни дека потребна е добра координација помеѓу централната банка и фискалната политика. Центарлната банка може да и помогне на економијата повеќе, да има експанзивен карактер и понатаму, ама за тоа треба кредибилна фискална политика.
-Годинава за невладини организации од буџетот се имаат потрошено 50 милиони евра, а наспроти тоа велиме дека немаме пари му обезбедиме на населението да се купат 40.000 лаптопи, како и да се обезбеди бесплатен интернет, што го направија многу држави, посочи Кадиеска-Војновиќ.
Кадиеска –Војновиќ објасни дека земјава само до првиот квартал имала буџетски дефицит од 120 милиони евра, највеќе креиран од трансфери кои не се лоцирани, тоа се непродуктивни трошења, вели Кадиевска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста