Каде заглави одговорноста за скандалите со плагијат трудови на македонските универзитети?

Кој се обидува да го сокрие образовниот криминал и корупција на македонските Универзитети?Три недели по скандалот со плагирани научни трудови на ДУТ,што го откри истражувањето објавено во списанието “Веритас”, се чини никој од надлежните институции не се заинтересира за случајот.Поранешниот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски, вели дека ова што се случува е срам и за академската фела,но,и за државата.Но, загрижува вели, што во сето ова,како што тврди,се вмешани политичари, па дури и судии,а одговорност сеуште нема, оти првите луѓе на надлежните органи кои треба да го испитаат случајот,биле партиски поставени.

Имаме доста политичари кои се вмешани, дури и судии.Прво вмешан е заменик министерот за правда, Агим Нухиу, и други пратеници, кои прават се ова да се забошотува..Директорот на Агенцијата за квалитет во високото образование, е поставен директно од лидерот на ДУИ, Ахмети, Владо Камбовски е од СДСМ, и Марина Мицевска исто од СДСМ.И тука, каде е оној професионалниот дел за делување и работење?– прашува Ѓорѓи Илиевски- Поранешен просветен инспектор.

Скандалите со плагијат трудови и купени дипломи добива и меѓународен карактер, односно, како што тврди,Илиевски,овде е развиена цела мрежа, заедно со Србија, Косово и Албанија.Но, додека таму се отвораат истраги,прашува- зошто ова не е случај и кај нас.

Во една нормална држава, но, ние не сме тоа, еве Србија ги презема сите чекори за овој криминал, отркиен од 2016 година па навака..Деновиве ова е обелоденето,и има санкции, таму е вклучена и полицијата.Кај нас МВР стои настрана и не смее да презема никакви мерки.Тоа е еден голем скандал што се случува кај нас-рече Ѓорѓи Илиевски- Поранешен просветен инспектор.

На Државниот Универзитет во Тетово остануваат на ставот, дека оставаат случајот да го испитаат државните органи.Но, дали и што се презема, иако побаравме, не добивме одговор ниту од Агенцијата за квалитет во високото образование, ниту од Државниот просветен инспекторат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста