Каде се студентските градови што ги вети власта?!

  • Храната сега за сега е перфектна, изгледа дека избори идат…

Студенските градови што ги вети експремиерот Зоран Заев не ги гледаме на виделина, а ниту старите згради не се поправаат . Ќе се реновираат студенските домови но, кога?

  • Започната е изградба на прва зграда, планираат и лифт ќе стават, некое паркче да направат, незнаеме што ќе се случи..

Ситни поправки и реконструкции се единственото нешто што тука се случува но, тоа не е доволно. Додека чекаат да се реализира ветувањето за нов Студентски град, студентите живеат во катастрофални услови со минимален стандард. Изгледа само забавите се добри, но тука застанува се.

  • Поминаа три години од ветувањата на Владата дека студенскиот дом „Стив Наумов“ ќе стане студенски град. Ништо од ветувањата. Студентите се жалат на бизарните услови кои секојдневно ги живеат тука.

Старите дотраени бараки веќе не се користат и пропаѓаат. Во функција се два постари павиљони, како и неколку нови павиљони кои беа изградени пред неколку години. Во нив живеат и најголемиот дел од студентите.
А еве што им беше ветено на студентите.

  • Зоран Заев: Ние многу често, ние политичарите, со полна уста зборуваме дека сето она што го правиме е пред сè за младите. Денеска ја претставивме мерката за Студенскиот град во Скопје со модерни архитектонски решенија за студенските домови, со инкорпорирани фитнес сали, кино сали, библиотеки, ресторанти, сето она што е од интерес на самите студенти.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски заедно со министерот Адеми, пред нешто помалку од месец дена, направија увид за досега завршените работи во Студенскиот дом „Гоце Делчев’’. Но наместо Студенски град, реновирани се блоковите В и Г.

  • Оливер Спасовски: Можност да ги промовираме двата реновирани блока В и Г овде во студенскиот дом „Гоце Делчев“.

Студенскиот дом „Гоце Делчев“ требаше да има и патеки, да се посади ново зеленило, ќе се постават нови клупи, корпи за отпадоци, паркиралишта за велосипеди.. но во студенскиот дом може да се наиде само на градежни материјали. Дали тоа значи дека на власта и текна на студентите на еден месец пред изборите?

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста