Каде одела Катица Јанева секој ден од 08 до 16 часот?  – Фатена дека не е на работа во канцеларијата на синот

Каде одела Катица Јанева секој ден од 08 до 16 часот? – Фатена дека не е на работа во канцеларијата на синот

Каде одела Катица Јанева секој ден од 8 до 16 часот?  Очигледно не на работа. Службени лица од Управата за извршување на санкции ја фатија дека го злоупотребува правото на делумна слобода. Службени лица од Управата за санкции пред два дена наишле на затворена врата во адвокатската канцеларија на нејзиниот син, каде што беше пријавено дека таа работи преку ден и навечер се враќаше во затворот. Но откако била фатена на дело дека не е во канцеларијата, таа повеќе нема д аможе да излегува одИдризово. Целодневниот престој и е загарантин во следните неколку години во затворот. Новиот директор Александар Пандов информира дека ваквите злоупотреби ќе бидат санкционрани и во иднина.

За разлика од пред два дена, денеска канцеларијата на Лазар Јанев беше отворена. И таму екипата на Алфа го начека токму синот на осудената екс специјална обвинителка.

Јанева цели 5 месеци излегуваше од Идризово и тука требаше да доаѓа на работа. Дали воопшто некогаш се појавила и што правела додека била на слобода, засега е непознато.

Пред да почне да излегува надвор од Затворот, Јанева работеше како библиотекарка во Идризово. Таа е осудена на седум години затворска казна за случајот „Рекет“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )