Каде исчезна Националната координаторка за Онлајн – платформата Александра Ружин?

Откако Мила Царовска се иззема од одговорност за крахот на платформата и фактот што огромен број деца немаат ни минимални услови за учење на интернет, ќе понесе ли одговорност националната координаторка за учење на далечина Александра Ружин? Таа се појави само еднаш пред јавноста на 30ти септември правдајќи го крахот со тоа дека во време на пандемија била правена платформата. Но дали воопшто таа се чувствува одговорна? Направи ли таа анализа за состојбата со децата кои немаат компјутери, што се направи за да им се даде, и зошто се инсистираше на платформата ако не беа подготвени?

Сите овие прашања денеска не успеавме да и ги поставиме на Ружин. Ја одби Алфа за изјава со кусо објаснување преку СМС дека „имала преобемни обврски, поврзани со дигиталното образование“.

Дали Ружин има некаква стратегија и каква? Има ли познавање доволно за учењето на далечина и каде го стекнала? Одговори на овие прашања нема во нејзиното Си Ви, односно истото не излегува кога ја барате нејзината биографија на интернет. Пребарувачот ги вади само информациите дека била амбасадор во Шведска од 2014 до 2018 година, но и директор на Еуролинк. Додека била амбасадор, медиумите пишувале дека таа е една од амбасадорите без ниту еден ден дипломатско искуство. Единствено за јавноста е познато презимето Ружин, исто како на поранешниот амбасадор Нано Ружин , познат поддржувач и симпатизер на политиките на СДСМ. Неговиот син беше советник на премиерот Заев во претходната влада.

Настрана ова, пак остана отворено прашањето зошто никој не сноси одговорност? Во меѓувреме, од Министерство за образование излегоа со податоци дека за неполна недела околу 80 проценти од учениците успешно се приклучиле кон онлајн наставата, а процентот постојано се зголемувал. Останатите ученици и наставници во основно и средно образование, пријавиле дека имаат тешкотии при вклучувањето на онлајн наставата. Како најчеста причина е понатаму е немањето уреди и лошата интернет конекција. 

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста