Kина сака да биде миротворец – нуди свој посредник за Руско – украинскиот конфликт

Во услови кога Русија ја гранатира Украина, Кина го изненади светот со оваа објавата дека ќе испрати мировен преставник во Киев.

„Кина ќе испрати специјален претставник на кинеската влада за евроазиските прашања да ја посети Украина и другите земји за да спроведе длабинска комуникација со сите страни за политичко решавање на украинската криза“, рече ЈУ ЈУН, кинеско Министерство за надворешни работи.

Кина со својата објава привлече внимание за својата дипломатска иницијатива кон Украина, велејќи дека кинескиот лидер Шји Џјинпинг разговарал со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски бараше да разговара со Шји и се огласи на Твитер за да го поздрави разговорот.

Во Вашингтон, портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби ја поздрави веста за разговорот на лидерите, велејќи: „Важно е претседателот Шји и претставниците на Народна Република Кина да ја искористат украинската перспектива за оваа незаконска и неиспровоцирана инвазија. од страна на Русија“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека Москва гледа „широка согласност“ со пристапот на Кина, но дека главната пречка се како што ги нарече „нереалните барања на Киев“.

Шји ја посети Москва во март. Пекинг одби да ја осуди руската инвазија на Украина или да побара повлекување на нејзините трупи, наместо тоа повика на воздржаност од сите страни и го обвини НАТО дека ги поттикнува борбите. Ова ги остава повеќето експерти за надворешна политика скептични дека Кина може да биде миротворец.

Мајкл Кимаџ од Католичкиот универзитет на Америка изјави за Гласот на Америка дека нема шанси Кина да понуди некоја корисна дипломатска рамка за ставање крај на овој конфликт.

Ќе одигра улога во реконструкцијата на Украина. Кина е голем економски актер, и таа е голема земја. Но, не изгледа дека Кина засега, и во догледна иднина, е каква било реална алтернатива на која било од актерите во самата војна“, вели МАЈКЛ КИМАЏ од католичкиот универзитет во Америка,

Кимаж рече дека постојат економски фактори во игра.

„Кина и Украина имаа прилично суштински економски односи. Пред војната, верувам дека Кина беше најголемиот трговски партнер на Украина, а Кина има мрежа на економски интереси во регионот, не само во Украина, туку и во поширокиот регион“, додава Кимаџ.

Во меѓувреме, затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјави дека може да се соочи со доживотен затвор под обвинение за тероризам, а властите подготвуваат ново големо судење против него. Организациите за човекови права и западните влади бараат негово ослободување, велејќи дека обвиненијата против него се апсурдни.

ЈОВАНЧО НАУМОСКИ, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста