Kосовски споменик висок 3,5 метри ќе се постави во среде Струга, мнозинството во Советот на општината гласало „за“

Надвор од секоја законска процедура со амин на мнозинството во струшкиот Совет,на самиот кеј на реката Дрим ,Косовскиот конзулат во Струга ќе постави 3,5 метра високо спомен обележје со ширина од 1 метар и 80 см. Мотивот за поставување на ова највиското спомен обежје во поетска Струга било знак на благодарност затоа што во 1999-та за време на воениот кофликт граѓаните на Косово нашле прибежиште во нашата земја. Ова предизвика реакции кај стружани.

  • АНКЕТА :

1.Не е во ред да се поставуваат такви споменици.Зошто? Затоа што се несоодветни личности,може да се постави од некој борец што бил, на некој писател, а вака не личи; 2. Не е добро таква работа да се прави, јас сум албанец ако треба јас треба да гласам за да се прави, само не одговара на градот; 3.За ништо не се прашува народот ,во нашава Република Македонија за ништо не се прашува, сите гласаат во интерес свој.Гледаме Пармаленотот што прави, велат анкетираните граѓаните.

Станува збор за неочитување на законот за градење, требаше да биде доставен ревидиран основен проект и врз основа на тоа да се изврши промена на урбанистички план вели советникот Никола Кукунеш.Ова не е прв обид на кејот на Дримот да се постават спомен обележја и споменици на контроверзни личности, поврзани и со воениот конфликт во Македонија.

  • Секој преседан отвора можност за нови злоупотреби ,затоа се повикуваме на правото да бидат испочитувани сите можни законски прописи.Секогаш кога ќе се повикаме на одредена законска легислатива, добиваме етикета дека мотивите се националистички, меѓутоа далеку е од вистината некој некого да обвини за национализам изјави Никола Кукунеш-советник ВМРО ДПМНЕ.

Поставуваме нови,а немаме каде да ставме цвеќе пред старите споменици и бисти,вели Кукунеш.

  • Згора на се’ во Струга сме сведоци дека имаме девастација на културното наследство во поглед на грижа кон спомениците, затоа што во изминативе 20-тина години дел од тие споменици  неповратно се исчезнати,никој не води грижа за истите.Вака се добива впеачаток дека се прави некаква вештачка граница каде што ова е наш дел вели Никола Кукунеш-советник ВМРО ДПМНЕ.

Спомен обележјето ќе се постави на кејот пред конзулатот на Р.Косово на чиј објекти се вееше само косовското но не и македонското знаме.

Росица Голабоска

Advertisements