Kовачевски: Oпозициските пратеници уште не побарале презентација на договорот со „Бехтел и Eнка“

Писмото до Собрание стигнало, ама пратениците не побарале да се случи презентацијата на Договорот со „ Бехтел и Енка“ и затоа не го виделе. Владата повторно го кажа истото, била подготвена во моментот кога ќе побараат пратениците, да им ја одржи презентацијата на документот, иако тие инсистираат  да го имаат на рака и самите да направат увид што точно тој содржи.

И покрај тоа што не знаат за што ќе гласаат, Ковачевски очекува поддршка од народните избраници за законите за коридорите кои се  под параванот европско знаменце во Собранието. Премиерот потврди дека договорот покрај во Антикорупциска бил доставен и до Обвинителството.

 Собранието тоа се уште го нема побарано, а во моментот кога ќе го побараат, тогаш тоа ќе биде направено, рече Ковачевски

Ковачевски, Рустеми и Бочварски денеска пак се собраа во Војник за да се пофалат со реконструираниот магистрален пат Куманово – Страцин. Делницата во должина од 31, 2 километри која според најавите требаше да биде готова уште лани. Но една година подоцна Владата се пофали дека делницата која чинеше вкупно 32 милиони евра од кој повеќе од половина беше рехабилитација е чекор за завршување на источниот крак на коридор 8, иако се уште траат градежните работи кон граничниот премин Деве Баир

Задоволството е уште поголемо и заради фактот што оваа делница е дел од Коридорот 8, со што слободно можам да констатирам дека успешно модернизиравме патна делница којашто е дел од европската коридорска патна мрежа“, рече директорот Рустеми

И додека се подготвуваат спектакли за пуштање во употреба на делница и уште попомпензи организации за промовирање на табли, јавноста нема информација  кога ќе го видиме и вистинскиот старт на изградба на коридорите кои веќе не чинеа 117 милиони евра од државната каса. Премиерот и денеска не кажа ништо поконкретно туку зборуваше за планови како ќе се одвива работата.  

Кристина Алексиеска

Advertisements