ЈУВЕНТУС И ПО ЦЕНА НА СЕРИОЗНА ЗАГУБА ГО ИСПРАТИ ИГУАИН ВО МАЈАМИ

Јувентус со загуба од 18 милиони евра го пушти Гонзало Игуаин во Интер Мајами. Аргентинецот дојде од Наполи во 2016. година за 90 милиони евра, а колку во Јуве тренерите не сметаа на него најдобро говори податокот дека тој во тој интервал беше отстапуван во Милан и Челзи. Тој став не се смени со доаѓањето на Андреа Пирло, па во Торино се решија да го испратат во САД и по цена на голема негатива.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста