Јустиција слепа за малцинските акционери на рудникот Тајмиште

Денеска пред Основното јавно обвинителство во Кичево, јавен протест одржаа малцинските акционери од  АД Тајмиште, некогашниот рудник и гордост на македонската металургија со 650 вработени, кој со виорот на транзицијата го однесоа сопственичките трансформации, откако таму запре рударската дејност. Оваа транзициско- приватизациска сага како да била напишана по учебник, во која доминантниот сопственик, како што велат, раскрчмувал имот без да добијат нешто, а институциите што требаше да ги заштитат, нивната кривична пријава ја сатавија во тригодишна хибернација.

  • Нашиот револ е толку голем иако знаеме дека нема правда во државата, меѓутоа, таа неправда се покажа многу над нас, така да овој број што го гледате е ништо од реалното, зашто во Кичево од овој човек се оштетни над илјада луѓе- рече Јами Демирулаи, поранеш вработен во АД Тајмиште.- Се имаме обратено, а одговарот е – ќе биде, а ние чекаме три години. Тоа е голем период, а немаат почнато да закажат расправа и било што- рече Пецо Трипуновски. – Кривичната пријава не е процесуирана и му се дозволија на газдата да отуѓува с`е  и да продава. Ние акционерите немаме никакво обештетување од таа распродажба- рече Ацо Алексовски.- За сите 30 години од кога ја стваравме фирмата, до денеска не е поделена ниту дивиденда ниту малцинските акционери се заштитени- рече Братислав велјановски, поранеше раководител .

Своевремено, поради малите плати, на директорот и сегашен газда и доминантен сопственик со 73% капитал на сегашните фирми – Владо Толевски, му ги продаваа , како што велат, своите акции за џабе, а потоа следеше процесот на отуѓување, додека пријавата береше прашина во бирократските фиоки.

  • Најпрвин ни го продаде објектот Бензинска пумпа, па после го продаде Хотелот “Кичево“ и тогаш настана најголемиот револт. Дотогаш мислевме ај еден ден ќе киниса и ќе има за малцинските акционери, но до денеска нема ништо. Поднесовме кривична пријава, судовите како што е сегде во оваа држава. Да сме само ние ако, ама ги има многу- рече Братислав Велјановски.

Денеска иако имаше полициски кордон, иако има препораки за одлагање на собири поради корона- вирусот, некогашните рудари од Тајмиште, се одважија на средба со обвинителката, која, како што им беше речено, била на судење. Допрва ќе се знае дали пријавата ќе се процесурира или можеби ќе застари.

Петар Стефановски

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста