Јубелејниот 50-ти „ЗЛАТЕН ГОНГ“ нема да се одржи

Овогодинешниот Златен Гонг нема да се одржи поради глобалната пандемија со коронавирусот. Иако плановите беа традиционално во ноември да се случи јубилејното 50 издание, сепак предводниците на македонскиот бокс се одлучија за најнепопуларното решение. Претседателот на БФМ, Примислам Димовски смета дека е невозможно во моменталната корона-ситуација да се организира оваа спортска манифестација, па затоа истата е одложена за наредната година. Ова е само трет пат во историјата од разни причини да не се одржи „Златен Гонг“.