ЈСП парадокс: За оние кои редовно си ги положиле предметите не следува бесплатен градски превоз

ЈСП тврди дека на секој студент запишан на редовни студии му следува бесплатен годишен билет, нови законски измени нема и затоа секој што има проблем го повикаa во дирекцијата да го добие тоа му што следува.

Рекацијата доаѓа откако студентите се пожалија дека не можат да ги продолжат годишните билети затоа што вработените, токму од ЈСП им рекле дека не може да им ги продолжат билетите затоа што им биле положени испитите, а со тоа го губат правото на бесплатен билет.

„Направен е ненамерен превид, се работи за изолиран случај, а тоа е нешто што не е случај во пракса. Условите за издавање на посочениот тип на билет се непроменети откако постои одлуката за бесплатен годишен студентски билет“, стои во соопштението на ЈСП.

Студентите деновиве се пожалија дека ЈСП одбивала да им ги продолжи билетите и дека наместо да си купат оброк истите пари ги даваат за превоз до факултет.

Вработените во јавното сообраќајно претпријатие им рекле дека не им следувал поради тоа што сите предмети од претходните години им биле положени.

Министерот за образование, пак денеска рече дека за овој проблем не знаел, иако утешно вети дека ќе го разгледал прашањето.

Според младинскиот образовен форум законот е јасен- студентот треба да поседува потврда за редовен студент и индекс што автоматски ја исклучува важноста на бројот на положени или неположени предмети.

МОФ сепак на крај заклучи дека поради лошата состојба на студентите во нашата држава не е во ред да се соочуваат и со ваков проблем.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста