ЈСП: Дел од линиите утре ќе се обраќаат по неделен возен ред

ЈСП на својата фејсбук страница соопштува дека дел од линиите утре ќе се обраќаат по неделен возен ред, а во понеделник сите ќе возат по тој режим.
Утре, петок (31.07.2020 год) поради муслиманскиот верски празник Курбан Бајрам, линиите 11, 11А, 47А, 55, 55Б, 56, 56А и 160 ќе сообраќаат по неделен воен ред.
Во понеделник (3.08.2020 год), поради државниот празник Илинден (Ден на Републиката), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.
Во понеделник, дежурни ќе бидат три билетарници.
Од 7 до 19.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар и Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста