Јовевски за Алфа:Корупцијата ја урива државата
Македонија како држава се руши и тоа од внатре. Кога наместо владеење на правото имаме владеење на парите, интересите и моќта, тоа е рушење на демократијата и државата и воспоставување на тоталитаристичко општество, алармира професорорт Лазар Јовевски.
-Корупцијата е основен проблем кај нас, пошироко и подалеку гледано е тоа дека ние одиме по една многу стрмна удолница, кон рушење на целиот демократски концепт, рушење на правниот систем а со тоа и рушење на целата држава. До току е сериозна работава.Мораме во овој дел да бидеме многу ригорозни и да превземеме конкретни чекори и тоа мора да се слуичи веднаш по изборите – вели Јовевски.
Како што е корупцијата за општеството, непотизмот го има истиот ефект во делот на трудот и работните односи. И на овој начин, според Јовевевски се руши системот а со тоа и државата.
-Ако сакаш да си го уништиш бизнисот вработувај луѓе кои се непрофесионални, исто ви е и со државата. Ако вие во јавниот сектор вработувате некомпетентни луѓе на погрешни места без одредени знаења, без одредени вештини, иксуства и определени критериуми. Повторно го рушите системот но овој пат е многу посериозна работатаатоа што во првиот случај ако е бизнис пропаѓа една фирма, а тиука ви пропаѓа целата држава потенцира тој.
Последниот извештај за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл, ја рангира Македонија во друштво со Тринидад и Тобаго. Од 180 држави, Македонија иам 42 поени од можни 100, на листата до неа се и Унгарија, Молдавија, Куба и Буркина Фасо.
Анастасија Илиевска