Јовески стави рака на „бомбите“-почна пописот во СЈО по потписот на притвореничката Јанева

ОЈО влезе во СЈО. Утринава државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски, заедно со неколку обвинители од државното обвинителство зад затворени врати заедно со обвинителите на СЈО ги попишуваа предметите кои треба да ги преземат.

Засега физички предметите остануваат во зградата каде моментални шеф е Катица Јанева. Јовевски истакна дека во најкус можен рок ќе определи кој обвинител во судница ќе ги застапува обвиненијата на СЈО, дали обвинители од редовното или од Специјалното обвинителство кое е пред затворање.

Портпаролот на СЈО Панта Џамбазовски, не сакаше да даде изјава пред камера. За Алфа вели оти атмосферата во зградата на специјалното обвинителство е мирна и тивка, а доколку се донесе евентуална одлука за физичко преместување на преметите, тоа би се случило во наредните денови.

Лиле Стефанова чиј мандат завршува по разрешувањето на Јанева, денеска на новинарски прашања дали истите обвинители ќе ги застапуваат предметите, не упати да прашаме во ОЈО, оти тие ја носеле таа одлука.

Каква ќе биде судбината на обвинителите конкретен одговор немаше ни заменичката на Јанева, Елизабета Јосифовска. Вели ќе постапувале така како што ќе наложи јавниот обвинител.

Инаку според извори на Алфа, најверојатно на подолг рок сите предмети, но и сите обвинители, без разлика како ќе биде решен статусот на СЈО, ќе останат во постоечката зграда.

Преземањето на предметите од СЈО во ОЈО, е наредба на Јанева, што ја даде преку писмо од притвор во Шутка, како осомничена во случајот Рекет.

Мери Ѓорѓиевска