Јовески не е сигурен дека Боки 13 ја говорел вистината за Русковска

Јовески не му верува на Боки 13 во однос на тврдењата за обвинителката Русковска.  Државниот обвинител, остава можност Јовановски да лажел за приватната комуникација со Русковска.

За изјавите на обвинетото лице за кое прашувате, Обвинителството ги проверува, ги проверува тие изјави и да не ги преудицираме работите. Не значи дека ако некој дал изјава дека таа е точна или дека веродостојна- изјави денеска државниот обвинител.

Обвинителството има можност да постапува против Русковска, по тврдењата на Бојан Јовановски, односно да отвори предмет по допрен глас. Боки 13 во судница откри, дека шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција сторила кривично дело, односно од него барала да испрати ТВ екипа која ќе го снима апсењето на екс градоначалникот Стефче Јакимовски.

-Вилма Рускоска ме информира за апсење на Стевчо Јакимовски и ми вели прати ТВ екипа. Вилма зборува за настаните од 27-ми април, зборува за други обвинители, зборува за Катица Јанева, ја нарекува свиња, зборува со мене за се, кажа Боки 13 во судница.

Русковска кажа доколку Јовановски има докази дека таа постапувала спротивно на законот, тие да ги предаде кај нејзините колеги во Обвинителството,  не демантирајќи ништо.  Одбраната пак на Стевче Јакимовски, чека реакција од Јовески, односно тие да отворат предмет против Русковска. Доколку тоа не биде сторено, кривична пријава против шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, ќе поднесат тие.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста