Јовески- Државен обвинител, или заштитник на политиката?

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски побрз од истрагата за случајот Рекет. Откако најде негово решение за заменик на Јанева надвор од законите, Јовевски без да биде прашан открива дека немало инволвирано политичари во скандалот, па однапред побрза да ги амнестира од евентуална вина и вмешаност во криминалот.

– Сакам да истакнам, дека досега обезбедените докази потврдуваат дека се работи за исклучиво за кривично правен настан и затоа случајот не треба да се политизира и да се поврзува со учество на лица од други држави. Нагласувам дека нема ниту една индиција дека незаконски прибавените средства завршиле кај домашни или странски политичари, рече Јовески.

Но не само сега, Јовевски пред само еден месец му кажуваше на Кривичниот суд Скопје како треба да работи. Се вмеша и во работата на свои колеги, па и замери и на колешката која донесе ослободителна пресуда за новинарот Драган Павловиќ Латас, што предизвика лавина реакции од правниците.

Од вчера најде решение и за Советот на јавни обвинители. Според него на потег сега бил Советот да изберел вршител на должност за шеф на СЈО од редот на помошниците обвинители на Катица Јанева повикувајќи се на завршните одредби од Законот за СЈО иако таму тоа – не го пишува.

Со ваквата изјава Јовески кој треба да се бори за почитување на законите и Уставот, сериозно ги погазува истите, па си прави своја верзија. Во последниот случај околу разрешувањето и именувањето на нов в.д специјален обвинител на местото на Јанева, наспроти неговите тврдења, само собранието и политичките партии можат да одлучат на новиот функционер. И изборот (член 3) и разрешувањето (член 18) на СЈО е регулирано со специјалниот закон и не може и не смее да се применува друг закон.

Ивана Соколовиќ Најдова