Јовановски за Алфа: Не очекува уште полоша состојба од есен, на економски план

Државата на сите страни расфрла пари позајмени од странство, а тие пари ќе завршат набрзо, односно во септември, кога ќе дојде ударот врз економијата, алармира главниот советник за економски прашања при Стопанската комора Зоран Јовановски.

Според него, тогаш ќе дојде ударот и моментот на вистината, како што се намалување на платите и се’ друго. Дека ситуацијата е повеќе од лоша на економски, потврди токму Јовановски во телефонски разговор за Алфа. Ни рече дека токму затоа и јавно реагирал. За изјава не беше расположен, па затоа ни рече дека се што имал напишал на неговиот статус на Фејсбук.

– Е тогаш ќе сфатат сите дека или ќе носат маски и ќе бидат дисциплинирани и здравственава криза ќе се стави под контрола и фирмиве ќе работат, а буџетот државен колку-толку ќе се полни или ќе има тешки економски последици, помали плати, отпуштања, пишува Јовановски на Фејсбук.

Жално е што ситуацијава со коронава не можеме да ја надминеме со свест и разбирање, па затоа ќе научиме на потешкиот начин, вели Јовановски. Според него тоа било така зашто кај голем дел од населението постои генерална безгрижност.

– Кај администрацијата платите си доаѓаат во цел износ, пензиите исто. Работел, не работел приватниот сектор, за државниот сектор е се’ исто како и пред коронава. Дел од приватниот сектор исплаќа минимални плати само за да не отпушта, пишува Јовановски на Фејсбук.

Дека Македонија е задолжена до гуша, претодно потври и Европската комисија, која во последниот извешај ја смести земјава на дното според економскиот раст. Друштво и прави само Албанија, па така сме единствените држави во Западен Балкан, кои лошо котираат во првите три месеци од годинава.

Борис Грујоски