Јовановски доби 9 години, Јанева седум за „Рекет“- Боки 13 тврди дека парите завршиле кај браќата Заеви

oлитичката кампања во Македонија започна, виде донесовте политичка пресуда. Парите рекетирани во оваа Македонија барајте ги кај Зоран и Вице Заеви, не кај Бојан Јовановски.

Барајќи да му биде дозволено да оди во Обвинителство да поднесе кривични пријави, со овие зборови Боки 13 ја дочека пресудата од 9 години затвор за случајот „Рекет“. За разлика од Бојан Јовановски, Катица Јанева која не се појави во судница, доби 7 години затвор, поради злоупотреба на службената положба и овластување.

-Обвинетиот Бојан Јовановски се осудува на единствена казна затвор во траење од девет години. Судот обвинетата Катица Јанева, за кривичното дело злоупотреба на службената положба ја осудува на 7 години затворска казна, кажа претседателката Васка Масевска Николовска, изнесувајќи ја пресудата за „Рекет“.

Во целиот случај не се најде трагата на оние 1,5 милиони евра, наводно земени од Орце Камчев, за кои Боки 13 тврди дека завршиле кај Заеви. И покрај овој нов момент, Вилма Русковска е на ставот дека парите завршиле кај Јовановски и Јанева.

-Со оглед на се тоа што си купувал, без никаков приход, а и самите знаете вие доаѓате од медиумска куќа, колку чини финансирањето месечно на медиумска куќа, изјави Русковска.

Уште од самиот старт постоеја сомнежи дека во „Рекет“ се вклучени и лица од власта. Тие се појавија откако весникот „Ла Верита“ напиша дека и против Заев има истрага за овој случај, за што јавноста сепак ништо не дозна, а на крајот осудени се само три лица. Инаку италијанскиот весник прв ја објави снимката која беше главен доказ во „Рекет“.

Одбраната изрази незадоволство од пресудата и најави дека правдата ќе ја бараат во повисоките судови.

-Дали вие знаете дека за најобичните предмети, што ги има ширум судовите во Република Македонија, за најобичен поткуп од 50 евра, се одбележуваат парите и се фаќаат. Дали вие мислите дека доколку навистина тоа така се случило дека Бојан Јовановски не би бил снимен од камерите и не би бил веднаш уапсен, изјави Сашко Дукоски, адвокатот на Бојан Јовановски.

-Судот во својот вовед кажа дека со оваа пресуда сака да се врати довербата во правосудството, ние како одбрана сметаме дека со вакви пресуди, не се враќа довербата во правосудството. Судството треба да суди врз основа на докази, изјави Ирена Фрчкоска, адвокатката на Катица Јанева.

Русковкса изрази незадоволство од пресудата за Јовановски, вели очекувала најмалку 10 години затворска казна, а најави жалби и за двете пресуди. Инаку, Јовановски и Русковска за 10-тина повторно ќе се сретнат во судница, од први јули започнува судскиот процес за „Меѓународен сојуз“. Останува отворено прашање дали Јовановски можеби ќе открие нешто повеќе околу вмешаност на политичари од власта, како во „Рекет“, така и во „Меѓународен сојуз“.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста