Јовановски:Бугарија се почесто ќе инсистира Македонија да го испорача „договореното“

Барањата на Бугарија, Македонија да се откаже од македонското малцинство во таа земја, како и од именувањето на македонскиот народ, како македонски не е ништо ново туку е оставен дел од заклучоците на Советот на Европа, потенцира унверзитетскиот професор Далибор Јовановски, за Алфа. Бугарската влада со таканаречената рамковна позиција од 2019 година најави кои се нејзините услови за поддршка за членство на Македонија во ЕУ, а бугарскиот парламент на истата тема донесе и декларација со огромно мнозинство, вели професорот. Од друга страна пак, Јовановски прашува, ако сме блиски народи тогаш зошто постојано ни кажуваат дека сме одродени Бугари, и не обвинуваат за фалсификување на историја.

Јовановски смета дека во иднина Бугарија се почесто ќе инсистира Македонија да ги реши историските прашања, потсетувајќи не дека тоа е клучно за земјата што побрзо да оди кон ЕУ. Од друга страна пак според него помеѓу Грција и Бугарија постои ривалство околу тоа како да го наметнат своето влијание во Македонија. Професорот вели дека во прашање се геополитички интереси, па затоа Бугарија се бунела кога на грчкото воздухопловство и се дозвли да го обезбедува македонското небо, а дополнително незадоволство предизвикува фактот што Грција е поприсутна во Македонија и со капитал. Наспроти тоа Бугарите не сметаат за нивни нераздвоен дел и од нивната историја, заклучува Јовановски.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста