Јованов: Криминал е што за време на пандемија газдите наместо плати за работниците, добиените пари ги ставиле в џеб

Едно од најголемите криминални дејствија што биле извршени за време на пандемијата е тоа што газдите во име на работниците добија финансиски средства, но наместо да им ги дадат на работниците ги ставиле во свој џеб, обвинува претседателот на Независниот синдкат на камионските работници Страшо Јованов. Според него, работниците ќе биле заштитени од таков грабеж ако бил прифатен предлогот што синдикатот уште пред година дена го достави до Министерството за труд и социјална политика, за формирање координативно тело за заштита на сите.

– Тоа е најтежок криминал што можеше да се случи, рече Јованов, дополнувајќи дека работниците ќе биле заштитени од таков грабеж доколку бил прифатен предлогот што овој синдикат го достави пред една година до Министерството за труд и социјална политика за формирање координативно тело за заштита на работниците со учество на повеќе институции и синдикати, рече Јованов.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста