Јорданов: Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за штипските пожарникари

Јорданов: Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за штипските пожарникари

Министерството за одбрана да престане да врши селекција при исплатата на блок дотациите за пожарникарите, бара штипскиот градоначалник Иван Јорданов. Тој тврди дека не се почитуват законските одредби кога станува збор за распределба на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Некој општини добиваат повеќе, а некој помалку. Најалармантно е во Штип. За да се покријат трошоците за одржливост на штипската Противпожрна служба, секој месец од општинската сметка  по овој основ се исплаќат средства во висина на едно детско игралиште, односно по 2милиони денари, а од држвата се инкасират само скромни 700.000денари.

На Општина Штип само за десет пожарникари се исплаќаат финансиски срдства, остатокот од 23 пожарникари, општината го презема како обврска, за разлика еве да речеме со соседната општина Велес каде има исто 33 вработени, но блок дотациите които ги добиваат од Министерството за одбрана и Министерството за финансии се за вкупно 33„ изјави Ивн Јорданов, градоначалник на тип.

Не само Штип е засегнат со овој проблем. Неправда во однос  распределбата на парите трпат и останатите општини , објснува претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиев. Тој потенцира дека на оваа тема е веќе разговрано со министерот за финансии. Сепак не е оптимист дека власта има капацитет да го реши проблемот кој се провлекува со години.

Во меѓувреме општината и Синдикатот на пожарникирите потпишаа  нов Колективен договор. Платата ќе им се зголеми, а редовно ќе им се исплаќаат и додатоците на плата, што не беше случај до сега, па општината често беше давана на суд.

Во минатите години неколку стотици илјади евра се исплатени на име на судски и адвоктски трошоци од страна на општината за да го спречиме овој тренд. Склучивме нов Колективен договор со којшто ги усогласивме законските обврски коишто ние ги имаме, во однос на висината на платат којашто ја земат пожарникарите„ истакна Јорданов .

Со новиот Колективен договор се предвидува два пати годишно на пожарникарите им се врши тестирање на физичка подготвеност.

Согласно Законот за пожарникарство, нивниот број зависи од бројот на жители, односно на секој 1500 жители, потребно е да има по еден пожарникар. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста