Јокиќ незадржлив, Нагетс му се реваншираше на Спарс

Кошаркарите на Денвер му се реваншираа на Сан Антонио за неодамнешниот пораз и тоа на нивен терен со 127-112. Ударна игла беше шутот од далечина, Нагетс погодија дури 20 тројки од 43 обиди. Незадржлив, пак, беше Никола Јокиќ, српскиот центар заврши со 35 поени, 17 скока и 8 асистенции за 13та победа сезонава. На останатите средби, Филаделфија го совлада Голден Стејт со 102-93, Клиперс го надигра Орландо со 106-104, домашни победи запишаа Кливленд над Сакраменто 117-103, Мемфис над Хјустон 113-106 и Мајами против Чикаго 118-92, на гости се радуваше Јута кај Вашингтон со 123-98.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста