Јавното здравство кубури со персонал, а медицински сестри седат дома

Над 40 сестри од приватниот сектор останаа без работа додека јавното здравство се соочува со недостаток од медицински персонал, реагираат од Унијата на медицински сестри.

Најчести причини – лекарот починал или отишол во пензија, па приватните ординации се затвориле, по што медицинските сестри концеционери побарале да се вратат во јавното здравство, но сите биле одбиени.

Пред десетина години матичните лекари, гинеколози и стоматолози беа приватизирани. Со нив и медицинските сестри беа приморани да го напуштат јавниот сектор. Законот со кој што нивното работно место беше заштитено повеќе не важи.

По поплаките од медицинските сестри се огласија од Министерството за здравство. Оттаму велат дека со новите законски измени ќе се отвори можноста за преземање медицински персонал од приватното во јавното здравство.

Сања Трајковска Ставров