Јавното обвинителство проверува поврзаност помеѓу пожарот во објектот во Чаир и убиството кај Блаце

Јавното обвинителство проверува поврзаност помеѓу пожарот во објектот во Чаир и убиството кај Блаце

Основното јавно обвинителство Скопје ја проверува евентуалната поврзаност на убиството во Блаце и пожарот во угостителски објект во Чаир, по вчерашниот случај, кога по 18 часот во близина на локалниот пат од долно кон горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Наводно, З.Т. бил убиен додека работел на нива.

Иницијалите не значат ништо, доколку не се знае дека убиениот З.Т. бил татко на Гани Туша (Марку), лице кое е осомничено за минатогодишното убиство на Орхан Бајрами -Оки во грчкото приморско гратче Ханиоти. Орхан Бајрами беше посочуван како неформален водач на нарко-кланот „Дуќанџик“, а убиството – како пресметка меѓу ривалски групи. Гани Туша е осомничен и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исени-Љаци во угостителски објект во старата скопска чаршија во март минатата година, исто така како чин на борбата за превласт врз пазарот со наркотици на тeриторијата на Скопје. Тој е во притвор, а го посочуваат како припадник на групата Барон, во која доминираат повратници од боиштата на блискиот исток, кои се обидуваат да земат дел од колачот на нарко пазарот.

Предходница на вчерашното убиство е пожарот во кафулето „Барон“ во Лаир. „Фокус“ објави снимка на која се гледа како три лица со тврди предмети ја обиваат влезната врата на кафулето, а потоа го подметнуваат пожарот. Обвинителството утрината соопшти дека извршен е увид во кафулето во Чаир, подигнати се траги од лице место и обезбедени се снимки од видео надзор. Се истражува дали станува збор за крвна одмазда или пак продолжение на криминалните пресметки меѓу двете банди, од една страна Дуќанџик и Грчец, а од друга страна Барон и Беланоца, велат од ОЈО.




КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста