Јавно-приватно партнерство и за лабораториите?

Темпо – тргни, па застани, ама откажување нема. Власта крои нови планови за централизација на лабораториите. Па на „трета мајка“, една година по скандалозниот тендер за набавка на реагенси тежок 35 милиони евра, за кој истражуваше и Јавното обвинителство, Филипче повторно вели дека лабораториите ќе работат централозирано, ама се размислува и за јавно-приватно партнерство.

Филипче многу пати претходно, ама и сега, ваквите идеи ги правда со појаснување дека со централизација ќе се заштедело, а граѓаните ќе имале бенефит.

– Сакаме да направиме заштеда таму каде што може. Ова е поле каде анализите покажаа дека може да се направи заштеда во сума од пет, шест, седум милиони евра затоа што имаме центри кои навистина нерационално ги трошат реагенсите, а тоа се на некој начин нерационално потрошени пари, вели Филипче.

Претходно, плановите за централизација паднаа во вода, особено по објавениот тендер за набавка на реагенси од 35 милиони евра, по што на нозе први се кренаа фирмите што не можеле да учествуваат поради ограничувачките спецификации на тендерот. Јавното обвинителство потоа покрена истрага, а Филипче, веднаш го поништи тендерот, за по неколку недели, додека се уште надлежните истражуваа, да најави нов тендер , за кој никогаш потоа не проговори.

Сања Трајковска Ставров 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста