Јавните претпријатија на истокот едвај преживуваат

Јавните претпријатија на истокот едвај преживуваат

Комуналните претпријатија се уште ги чувствуват последиците од долговите што ги набилдаа за време на енергетската и економска криза. Натрупаните долгови и финансиските загуби во минатото се причина за голем дел од нив својата ликвидност ја одржуват на стаклени нозе. Исплатата на плати во виничкото комунално претпријатие „Солидарност„ е сериозен предизвик за тамошната локална власт. Дополнителен проблем ќе биде новиот раст на минималецот што се очекува да се зголеми во март.

  • „Од масата на пари што ја имаме, тешко дека уште долго време ќе може да издржиме и редовно да земаме плата. Во нето износ за околу 90 вработени е 180.000денари, а во бруто 250.000„ изјави Игор Спасовски директор на ЈП„Солидарност„ Виница.

Високата наплата на вода,но и фактот дека добар дел од работниците поради нередовни плати напуштиле, не можат да го стабилизират работњето на претпријатието. Дополнителен прилив на средства очекуват од зголемувањето на цената на водата.

  • „Новите цени на Реулаторна што ни ги достави за наредните три години се надевам дека ќе поминат на Совет, цената на вода и канализацијата за одредена сума ќе ни се зголеми . Колку ќе биде доволно тоа, не знам„ – изјави Игор Спасовски директор на ЈП „Солидарност„ Виница.

За да излезат од финансискиот амбис, голем дел од претпријатијата беа приморани да воведат рестриктивни планови. Ги замрзнаа вработувањата, а исплатата на прекувремените часови ја заменија со слободни денови. Поради тоа што не можеа да си ги подмират големите долгови кон ЕВН, еден дел од комуналните претпријатија неколку дена останаа и без струја.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста