Јавниот долг достигна 49% од БДП, Ангеловска тврди дека е стабилизиран

За Владата не е алармантно тоа што јавниот долг надмина 5 и пол милијарди евра на крајот на минатата година. За министерката за финансии Нина Ангеловска, тој е стабилизиран и покрај тоа што за само 3 месеци се зголеми од 47.7 на 48.9 отсто од БДП. Таа смета дека е позитивно што не се надминал пропишаниот лимит во среднорочната фискална стратегија.

Бизнисмените песимисти, Владата оптимист за реализацијата на капиталните инвестиции годинава. Додека стопанствениците не очекуваат никакви спектакуларни резултати поради предвремените парламентарни избори кои ќе ги закочат најважните проекти, од финансии тврдат дека напорно се работи на терен. Клучните проекти лани се реализираа до 78% од планираното, односно ревидираното со ребалансот на буџетот. Сепак, во нив спаѓаат и издвоените 30 милиони евра за купување на делот на ГАМА од Макпетрол, трансакција која се уште не е завршена, но Владата ја смета за реализирана.

Министерката негираше и дека две третини од 60-те илјади нови вработувања во изминативе две и пол години биле во администрацијата. Според неа, обвинувањата од дополнителните заменик министерки за администрација и финансии не биле реалност, туку биле политички мотивирани.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста