„Јавна соба“, сексуални предатори на „Фејсбук“, „тик-ток“ предизвици со трагичен крај – кој е виновен?

Преку фејсбук групи станавме сведоци за сексуални предатори врз малолетници, на забавата на тик ток апликацијата и зачестија трагичните краеви, повторно се активира групата „Јавна соба“ со ексциплитни фотографии од девојки – социолозите алармираат дека родителите ја губат контролата што прават нивните деца на интернет. Желбата за популарност и намалената социјализација посебно за време на пандемијата го воведува животот на младите во опасност. Социологот Илија Ацески апелира на внимателност – според него интернетот како алатка на комуникација е совршена, но исто така има и свои негативни страни.

-Би требало особено кај младите да се превземе нешто во тој поглед, во смисла низ процесот на образование коа станува збор за најмладите, да се укажува на опасностите на кои можат тие да бидат изложени себе си, и да ги изложат другите. Единствен начин како да се реши овој проблем и да се избегнат последиците од злоупотребувањето на социјалните мрежи, за Ацески се родителите. Тие треба да обрнат повеќе внимание, да не ги оставаат неограничено да располагаат со своите телефони и да имаат колку што е можно повеќе увид во тоа што прават нивните деца на интернет – вели социологот Илија Ацески.

Психолозите пак сметаат дека љубовта и дружењето во семејството секогаш се клучни кога станува збор за осамени деца кои социјализацијата ја бараат во виртуелниот свет.
Стотици опасни задачи на кружат социјалната мрежа тик ток  – децата учествуваат во прадизвици  кои можат да имаат фатални последици. Последните случувања најсилно го вклучија алармот за она што се случува на интернет. Изминатите две недели три деца од Србија, Италија и Тринидад ги загубија своите животи изведувајќи гизадачите , а според истражувањата, најмалку 82 смртни случаи  и се препишуваат на оваа апликација.  

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста