Јапонија се сеќава на нуклеарниот напад врз Нагасаки

Јапонскиот град Нагасаки денеска одбележува 74 години од денот кога САД ја фрлија втората атомска бомба.

Градоначалникот Томошиса Тауе, на комеморативната седница ја повика владата итно да ја потпише спогодбата на ОН со која се забранува нуклеарното оружје.Првата атомска бомба САД ја фрлија три дена претходно, односно на 6-ти август 1945-та година.

Целта на атомските бомби беше да се притисне Јапонија на безусловна капитулација во Втората светска војна.