Јанушев за Алфа: Одлуката за викенд карантин беше избрзана и непромислена, Заев и Филипче направија вистински хаос

Власта сосем ја изгуби контролата во однос на корона кризата, вели за Алфа телевизија генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев. Тој се осврна на економските мерки на Владата, вели тие не претставуваат никаква помош за граѓаните и економијата.

-Ниту во еден сегмент немаме нешто со што може да се пофалиме, освен што може како што веќе неколку пати и Заев и оние малкумина кои останаа околу него во СДСМ и во Владата, кажуваат дека се е под контрола и се е во ред. Напротив не е ништо под контрола, не е ништо во ред. Зошто го велам ова, бројките растат со брзина на светлината, ситуацијата е буквално испуштена од контрола. Типичен пример за тоа е вчерашната изјава на министерот за здравство, Филипче, кога одговараше на прашањето околу туристите кои што се отидени во Охрид и дека не е проблем да шетаат, изјави Јанушев.

Според зборовите на Јанушев, мерката на Владата за 80 часовен полициски час во неколку градови за викендов, била избрзана и непромислена, која на крајот може да излезе и крајно контрапродуктивна.

-Прво се донесе мерката буквално во пет до 12 и луѓето немаа време буквално никој да реагира. Јас и во изминатите денови имав едно видео обраќање на социјалните медиуми, каде што јавно ги повикав и Заев и Филипче и останатите да излезат малце по улиците, да прошетаат по градовите и да видат што всушност предизвикуваат, бидејќи беше тотален хаос во маркети, по пазари, во аптеки, вели Јанушев за Алфа.

Целиот разговор со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ погледнете го во видеото:

Со Јанушев разговараше Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста