Јанушев: И покрај сите нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ останува најголемата политичка сила во Македонија

Игор Јанушев на својата фејсбук страница објави статус во кој се заблагодарува на поддршката на вчерашните парламентарни избори, во кој исто така потенцираше дека и покрај нерегуларностите, хакираната страница на ДИК волјата со која народот ја поддржа коалицијата за Обнова на Македонија е јасна.

 

Ви благодарам за посветеноста, несебичниот труд што го вложивте во оваа борба за Македонија. Благодарност до секој еден што го даде гласот за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ победи во 41 општина, тоа е резултат со кој треба да се гордееме. Македонија гласно си ја искажа волјата.

Сајтот на Државната изборна комисија не работи, а гласовите сомнително се броени. Власта со поткуп освои многу гласови.

Но, и покрај сите нерегуларности, ВМРО-ДПМНЕ останува најголемата политичка сила во Македонија.

Да сте живи и здрави, да ни е вечна Македонија.“

https://www.facebook.com/155612228493786/posts/622153631839641/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста