Јанушев: Бараме надзор расправа во Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на која ќе се разгледува работа на РКЕ и начинот на кој се носат ваквите штетни политики по стандардот на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ вчера по трет пат го подига гласот против осиромашувањето на граѓаните, кое го носи оваа власт на Заев преку поскапувањето на струјата. Македонија е единствена земја која во услови на здравствена и економска криза ја поскапува струјата за 7,4%, со што директно удира врз стандардот на граѓаните, изјави генералниот секретар на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

-Очигледно власта е глува на проблемите и барањата на народот. Исто како и владата, така се однесува и Регулаторната комисија која со денови избегнува да одговори и на ВМРО-ДПМНЕ, но и на граѓаните за оваа нерационална одлука. Регулаторната комисија е само обична маша во рацете на власта на Заев. Тоа што Заев го бара од нив тие само слепо го реализираат, а целта е јасна да се покрие недомаќинското и расипничко работење на енергетските компании со пари од џебот на граѓаните. Затоа ВМРО-ДПМНЕ најавува дека ќе побара Надзорна расправа во Комисија за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија за поскапување на цената на електрична енергија во услови на економска криза. На оваа надзорна расправа ќе побараме да се разгледа начинот на работа на Регулаторната комисија за Енергетика, но и начинот на кој се носат ваквите штетни одлуки по стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потсетува дека оваа Комисија не е самостоен, а уште помалку независен експертски орган, туку е само реализатор на барањата на Заев. Првиот човек на Комисијата Марко Бислимоски е член на СДСМ, дел од партиското раководство кој е сликан на партиски настани и во партиски простории, кој сега на јавноста и се покажува како независен експерт. Тоа е класична манипулација која народот скапо ја чини, истакна Јанушев.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста