Јанкулоска за Монструм: Фактите се поинакви од впечатокот на „бомбите“

транскрипти од веќе изведени докази, по списите во предметот од класери се вадеа извештаи, кои Јанкулоска ниту ги потпишувала, ниту пак имало нешто спорно кога биле изведувани како докази од претходно. Наместо да поставува прашања, сдуиите, на Азири му ги толерираа констатациите, шпекулациите, кои ги изнесуваше во судницата, но конкретни прашања за Јанкулоска немаше. На оваа реагираа семејствата дека само се одолговлекува случајот, па опомена за казни имаше до сите. Обвинителите Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи на неколку пати реагираа дека констатациите на Азири преминале во малтретирање на сведокот. На ова реагираше и адвокатот на семејствата.

Сведочењето на Љупчо Тодоровски тогашен директор на БЈБ, ги разобличи тврдењето на обвинетиот Хаки Азири, кој требаше да биде заштитен сведок. Азири кога за Монструм се водеше истрага, пред судијата Владимир Туфегџиќ призна што се случило кај Смиљковци, потоа во Суд негираше.
Во текот на процесот, Азири тврдеше дека Тодорвски наводно му давал листови за да напише што се случило. Оваа денеска екс директорт на БЈБ го демантираше односно посочи дека никој од обвинетите ниту познава, ниту пак како директор имал контакт со нив или им вршел распит кога биле осомничени.

Советникот на поранешниот претседател на државата, Синиша Алексовски, за кој на родителите лидерот на СДСМ, им тврдел дека Монструм е негова крација, а неговиот телефон бил најден на местото на масакрот, не стигна да даде исказ како сведок, него судот ќе го сослуша на 27 месецов, бидејќи за в петко терминот е резервиран за лидерот на ДУИ Али Ахмети.

 

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста