Јаневски: Во вториот круг на претседателските избори ќе влезат Силјановска и Пендаровски

Јаневски: Во вториот круг на претседателските избори ќе влезат Силјановска и Пендаровски

13 кандидати за кандидати сакаат да трчаат на изборите за шеф на државата. Од овие 13, само двајца, ако поминат низ партиските тела, се сигурни кандидати за претседател на државата, бидејќи зад нив имаат поддршка од 30 пратеници. Тоа се Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, како и Стево Педнаровски од СДСМ. Сите останати треба да соберат 10 000 потписи за да може да се вклучат во трката.

Овие претседателски избори се едни од пошароноликите во македонската историја. Се чини дека нема сите 13 да учествуваат, но бројката на 8 кандидати е се поизвесна.  Во вториот круг на изборите одат само два кандидати, а праксата покажува дека тоа секогаш се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, па се наметнува прашањето од каде толку голем интрес за претседателската фотења во вила Водно? Според новинарот Дарко Јаневски тоа можеби се должи на незадоволството владеењето на ДУИ и СДСМ,но и на мерење рејтинзи и политички трикови.

Една од поентите е да, некој од нив, како Левица на пример да си го измерат рејтингот каков ќе им биде и да не остане дека не се способни ни да кандидаираат претседател, што би им ги намалило шансите на парламентарните избори. Но има и меѓу нив и такви чија што идеја е да се одлее од гласовите од ВМРО-ДПМНЕ, односно од Силјановска, што нема да им успее, вели Јаневски.

Посебно интересно ќе биде во вториот круг, според Јаневски, треба да се види и како ќе изиграат помалите политички партии кои нема да го поминат првиот филтер. Дали ќе ги повикаат своите гласачи да ги дадат гласвоите за некои од учесниците во вториот круг или ќе остават нивните поддшувачи сами да одлучат.

Јасно е дека сите што ќе гласаат за помалите партии се всушност незадоволни од сегашниот претседател и од СДСМ, така што поголемиот дел од тие гласови ќе се слее на Силјановска. Дури и да не е така, јасно е дека таа ќе победи. Атмосферата е таква што таа е речиси извесен победник, дополнително таа атмосфера ќе се подгрее со изборната кампања и мислам дека сосема е јасно кој ќе биде победник. Независно од тоа како ќе се определат кандидатите кои што самостојно настапуваат или со некои од помалите партии, вели Јаневски.

Сеуште се чека и како ќе одиграат и претендентите за кандидатура од албанската заедница во Македонија. Дали ДУИ своите гласвои би му ги дале на Педнаровски, со кого во последно време ја расипаа калимерата со законот за игри на среќа, како ќе постапат и од колацијата на Таравари, Гаши , Меџити и Касами, дали би повикале на поддршка за кандодатот на ВМРО-ДПМНЕ, дали за кандидатот на СДСМ или пак ќе остават нивните гласачи сами да одлучат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста